„Роналдо е ку*вин син – Ми наредува дури и што да јадам“

Бразилскиот интернационалец Артур, летово премина од Барселона во Јувентус. Тој направи споредба меѓу Кристијано Роналдо и Лионел Меси, велејќи дека е многу полесно да се соработува со Португалецот.

„Роналдо е ку*вин син. Тренира како животно, не знае за одмор и ги тера сите останати напорно да работат. Мене дури и ми наредува што да јадам , ништо не остава на случајот. Во споредба со Меси, многу е полесно да се соработува со него бидејќи е подружељубив“, изјави Артур.

Артур сезонава во дресот на Јувентус досега забележа само шест настапи.

Се вчитува...