„Роналдо е најголемиот проблем на Јувентус“

На Јувентус не му оди најдобро оваа сезона. Последната „шлаканица“ за „Старата дама“ беше во дербито со Интер и поразот од 2:0. Дури и на претходните натпревари беше очигледно дека многу работи во играта на Јуве не функционираат како што треба. Некои се на мислење дека на Андреa Пирло треба да му се даде време да ја „оправда“ тренерската позиција, сепак, постојат и такви кои велат дека Роналдо е најголемиот проблем во Торино.

Влијателниот спортски весник „Кориере дело Спорт“, во своите анализи за игрите на Јувентус, наведува дека Кристијано Роналдо е еден од главните проблеми во тимот на Пирло.

„Јувентус се посвети на Роналдо и неговите рекорди, што ги забавува другите идеи и планови на тимот“, е само една од анализите на италијанските медиуми, во кои се вели дека Пирло исто така се вклопува во целата приказна и дека Јувентус се повеќе станува клуб чии игри зависат од еден играч.

По 17 одиграни натпревари, Јувентус е на петтото место во Серија А со 33 бода, десет помалку од лидерот Милан. „Старата дама“ има и еден натпревар помалку од лидерот, одложеното дерби со Нполи.

Се вчитува...