Роналдо е поголем од Меси – го собори рекордот на Аргентинецот на продадени дресови во 24 часа

Летниот трансфер рок во 2021 година ќе остане запомнет по промената на клупските бои на двајцата најголеми играчи на денешницата, Лео Меси и Кристијано Роналдо. Аргентинецот замина во редовите на ПСЖ, додека Португалецот се врати назад во Манчестер Јунајтед.

Со тоа тргна и новата битка, онаа во продажбата на дресови, а англиските медиуми велат дека истата ја добил Роналдо. Имено, страната „Фанатикс нетворк“, која е задолжена за продажба на дресови на „црвените ѓаволи“ откри дека дресот со број 7 поставил нов рекорд по бројот на продадени дресови во 24 часа. Со тоа Португалецот ги засени Лео Меси, Том Брејди и Леброн Џејмс.

Покрај тоа за само еден час бил соборен и клупскиот рекорд на продадени дресови во текот на целиот ден, а според некои извори, од продажбата на дресот на Роналдо биле заработени околку 38 милиони евра за само 12 часа.

Се вчитува...