Роналдо е упорен, сака да игра против Ајакс во Амстердам

Португалскиот ас Кристијано Роналдо има голема жалба да игра на првиот четвртфинален меч од Лигата на шампионите против Ајакс во Амстердам. Тој заработи повреда на мускулот на квалификацискиот натпревар меѓу Португалија и Србија во Лисабон, но упорно се подготвува за враќање на теренот токму на дуелот против Ајакс.

Лекарскиот тим на Јувентус прави максимални напори да го оспособи, но, како што напомена тренерот Масимилијано Алегри, тоа ќе биде навистина тешко да се реализира. Сепак, Роналдо инсистира дека ќе биде подготвен, а лекарите го убедуваат да не брза со кам-бек, за да не се влоши повредата и потоа да отсуствува во решавачкиот дел од сезоната.

Се вчитува...