Роналдо: Еден свет, еден спорт, една фамилија – ти благодарам „Енфилд“ (ВИДЕО)

Кристијано Роналдо не беше во составот на Манчестер Јунајтед за големото англиско дерби против Ливерпул откако доби дозвола за отсуство по големата семејна трагедија и смртта на новородениот син на асот на „црвените ѓаволи“.

Ливерпул и Манчестер Јунајтед можеби се најомразени ривали на теренот, но фановите на „црвените“ покажаа огромна солидарност на почетокот на дербито, искажувајќи му гласна поддршка на Кристијано Роналдо во седмата минута. Громогласниот аплауз го поздрави и самиот Португлаец кој на социјалните медиуми објави видео од истиот, а во описот напиша:

„Еден свет, еден спорт, една фамилија… ти благодарам Енфилд. Јас и моето семејство никогаш нема да го заборавиме овој момент пол со почит и сочувство“

Се вчитува...