Роналдо: Фудбал без публика е како циркус без кловнови

Веќе неколку месеци трае играњето на фудбал пред празни трибини, но Кристијано Роналдо има проблем да се навикне на „новата реалност“ на терените ширум Европа. Португалецот синоќа постигна два фантастични гола на гостувањето против Шведска, но не крие дека е разочаран што при секое излегување на терен гледа празни трибини.

„Фудбалот се игра за публика и секој од нас ужива во атмосферата кога ќе излезе на терен. Мене не ми пречат ниту свирежите на гостувањата, напротив, тоа дополнително ме мотивира и сега ми е исклучително тешко што подолго време играме без публика. Фудбал без публика е како циркус без кловнови, како градина без цвеќиња… јасно ми е дека здравјето е приоритет, но искрено се надевам дека наскоро ќе се создадат услови за враќање на навивачите на трибините. Во меѓувреме, почнав со медитација пред натпреварите за да се навикнам на тишината од трибините“, истакна Роналдо.

Португалскиот ас стигна до својот 101. погодок во репрезентативниот дрес, па сега му недостигаат само уште осум гола за да го стигне апсолутниот рекорд на Али Даеи од Иран.

Се вчитува...