Роналдо ги „сруши“ ковид-протоколите во Берн пред почетокот на ЛШ, фановите на Јунајтед ќе може да патуваат во Швајцарија

Навивачите на Манчестер Јунајтед ќе можат да патуваат во Берн на натпреварот помеѓу нивниот тим и Јанг Бојс. Швајцарскиот клуб се согласи да ги промени правилата на Ковид-19 за натпреварот закажан за вторник.

Се претпоставува дека Роналдо има големо влијание во спроведувањето на новите ковид-протоколи во Швајцарија, имајќи предвид дека интересот да се гледа Манчестер Јунајтед сега е поголем од било кога претходно, па доаѓањето на Кристијано и компанија се очекува да предизвика фудбалски спектакл во Берн.

Швајцарскиот тим не сакаше да продава билети за гостинските навивачи, поради ковид-мерките на нивната земја, без оглед на фактот што Британскиот институт за јавно здравје им дозволи на оние кои се вакцинирани или имале негативен ПЦР тест не постар од 48 часа да присуствуваат на натпревари во Англија.

Сепак, се случи целосен пресврт, па „ѓаволите“ ќе добијат 1.800 билети за овој натпревар, пренесува клубот од „Олд Трафорд“.

Се вчитува...