Роналдо го купи клубот во кој ја почна кариерата

Легендарниот бразилски фудбалер, Роналдо наскоро би требало и официјално да стане сопственик на 90 отсто од акцијата на Крузеиро.

Бразилецот во клубот во кој ја почна професионалната кариера планира во клубот да вложи околу 400 милиони бразилски реали.

„Пресреќен сум што ја завршив оваа работа. Имам многу да му вратам на Крузеиро. Пред нас е многу работа. Ги молам навивачите повторно да се поврзат со клубот, да дојдат на стадион, бидејќи потребна ни е многу сила и единство“, изјави Роналдо.

Крузеиро е четирикратен шампион на Бразил, а последните трофеи ги освои во 2013 и 2014 година. Има две титули во Копа Либертадорес (1976 и 1977), а во моментов се наоѓа во втората бразилска лига.

Се вчитува...