Роналдо го најде лекот за „бункерот“ на Фросиноне

Јувентус останува со стопроцентен ефект во Калчо-лигата по вечерашната победа на гостувањето против Фросиноне со 0-2.

„Старата дама“ се соочи со неочекувани проблеми во пресметката со новиот прволигаш, па лекот за „бункерот“ на домаќините беше пронајден во самата завршница. А стрелец – Кристијано Роналдо откако Португалецот се најде на вистинско место по една одбиена топка и од десетина метри биеше прецизно во долниот агол од голот на Фросиноне. Домаќините во самиот финиш тргнаа на „се или ништо“, па во 94. минута примија гол од контранапад, откако Бернардески со прецизен удар го матираше голманот на Фросиноне.

Јувентус по пет одиграни кола е единствената екипа со максимални 15 бода во „Серија А“, пред Наполи со 12 и Фиорентина и Сасуоло со по 10 бода.

Се вчитува...