„Роналдо го направи целиот тим подобар“

Кристијано Роналдо ова лето се врати во редовите на Манчестер Јунајтед и веднаш се наметна како еден од најдобрите играчи во составот на Оле Гунар Солскјер со пет гола во шест настапи за „црвените ѓаволи“.

Влијанието на португалскиот ас притоа не се одразува само на голгетерскиот учинок, а за тоа говореше и Лук Шо кој вели дека менталитетот кој го носи Ронадло со себе донел нова енергија во тимот.

„Јасно е за каква ѕвезда станува збор. Се што правеше изминативе години. Неверојатно е да ја делиш соблекувалната со него. Гледате како тој се однесува, колку е професионален и ви станува јасно зошто толку години е на врвот. Никој нема таков менталитет. Роналдо го направи целиот тим подобар“, изјави бекот на „црвените ѓаволи“.

Се вчитува...