Роналдо се подготвува за заминување, Јуве доби уште една понуда

Кристијано Роналдо пристигна во Јувентус летото 2018 година од Реал Мадрид за 100 милиони евра, а веќе неколку месцеи се поглано се шпекулира дека тој на крајот од сезонава ќе си замине од редовите на италијанскиот првак. Португалецот има договор до летото 2022 година, но медиумите во Италија пишуваат дека е можно тој да го напушти клубот ова лето. Јувентус сака да извлече барем дел од вложените пари, па не е невозможно Роналдо повторно да ја промени средината.

Имено, „Калчомеркато“ објави дека Манчестер Јунајтед уште еднаш покажал голем интерес за враќање на Роналдо на „Олд Трафорд“. „Црвените ѓаволи“ се подготвени да платат околу 60 милиони евра за Роналдо и да го вратат во клубот каде ја стекна својата слава.

Португалецот наполни 36 години во февруари и сигурно е дека Јувентус размислува за продажба со цел да ја избегне опцијата Роналдо да замине бесплатно летото 2022 година.

Се вчитува...