Роналдо го продава Валјадолид

Славниот бразилски напаѓач, Роналдо, ги договори условите за продажба на Валјадолид на локалната градежна фирма „Инексо“. Сè уште ништо не е официјално и потпишаното писмо за намери не е обврзувачко, но шпанските медиуми пренесуваат дека договорот е блиску до реализација.

Во 2018 година Бразилецот купи мнозински удел во клубот за 30 милиони евра. Уделот од 49 отсто во сопственост на клубот ќе биде продаден за 28,7 милиони евра, а новиот купувач во случај на потпишан договор се обврзува да ги откупи преостанатите 16,7 отсто од уделот во сопственост на Роналдо во периодот од 2028 до 2030 година.

Доколку клубот биде во Примера ќе плати дополнителни 10 милиони евра, а ако биде во втората лига ќе ги чини дополнителни пет милиони. Така, заработката на Роналдо би изнесувала минимум 3,7 милиони евра. Во моментов Валјадолид е во втората лига со добри изгледи за враќање во Примера.

Се вчитува...