Роналдо го сака Енрике во Јунајтед, а тој одговара – „Ова е некоја 1. априлска шега?“ (ВИДЕО)

Оле Гунар Солксјер утрово доби отказ од Манчестер јунајтед, па веќе англиските медиуми почнаа да шпекулираат со имињата на неговиот наследник. Еден од тренерите кои се споменува за седнување на клупата на „црвените-ѓаволи“ е Луис Енрике.

Медиумите на островот пренесуваат дека токму Кристијано Роналдо бил еден од тие кои го посакувале популарниот „Лучо“ на клупата на тимот од „Олд Трафорд“. Шпанските медиуми веднаш го побараа Енрике за изјава, а тој само накратко им одговори „Дали ова е првоаприлска шега?“

 

Се вчитува...