Роналдо го спаси Јунајтед од пораз – со реми против Челси, „црвените ѓаволи“ се се подалеку од ЛШ

Манчестер Јунајтед и Челси ремизираа со 1-1 во 37. коло од Премиерлигата. Челси беше подобриот противник на денешниот натпревар, прв стигна и до предност, но херојот на „црвените ѓаволи“ е Кристијано Ронладо кој се погрижи за неговиот тим да се избори за бод.

Маркус Алонсо го доведе Челси во предност во 60. минута со одличен шут во шестнаесетникот, но славјето на домаќините не траеше долго бидејќи само две минути подоцна по нафрлувањето на Матиќ, Кристијано Роналдо го изедначи резултатот.

Со 66 освоени бода Челси е на добар пат да избори место во Лигата на Шампионите и следната сезона, додека сонот за учество во „елитата“ на европскиот фудбал е се подалеку за Манчестер Јунајтед кој е на шестото место со 55 бода.

Standings provided by SofaScore LiveScore

Се вчитува...