Роналдо го спаси Јувентус од нов пораз во Серија А (ВИДЕО)

Јувентус полека, но сигурно му ја препушта титулата на Интер, откако ремизираше во градското дерби против Торино со 2-2. Гостите поведоа со голот на Киеза во 13. минута. Санабрија во 27. и 46. минута донесе пресврт и водство за домаќините од 2-1, а конечните 2-2 ги постави Роналдо во 81. минута.

Јувентус останува четвртти на табелата со 56 бода, односно девет помалку од лидерот Интер, додека Торино 17. со 24 бода.

 

 

 

Се вчитува...