Роналдо го убедува Серхио Рамос да дојде во Јувентус?

Капитенот на Реал Мадрид, Серхио Рамос, би можел следното лето да се пресели во Јувентус. Поранешниот соиграч Кристијано Роналдо го убедува дефанзивецот на „кралскиот клуб“ да дојде во Серија А и да потпише за „старата дама“ откако Реал Мадрид ги прекина преговорите за продолжување на соработката. Тој има договор до јуни 2021 година и бара нов двегодишен договор, но раководството на Реал Мадрид сака да ја обнови соработката само за една дополнителна сезона.

Серхио Рамос пристигна во Реал Мадрид во 2005 година од Севилја за сума од 27 милиони евра, оттогаш одигра 637 натпревари за клубот и постигна 91 гол. По една и пол деценија би можел да си замине од „Сантијаго Бербнабеу“, но на сличен начин од Мадрид си замина уште една клупска легенда, голманот Икер Касилјас.

 

 

Се вчитува...