Роналдо: Годините се само бројка, уште долго ќе играм фудбал

Кристијан Роналдо веќе наполни 35 години, но португалскиот ас се уште игра на највисоко можно ниво. Тој беше избран за најдобар фудбалер во 21. век, уште едно во низата фантастични индивидуални признанија што португалскиот генијалец ги има освоено низ својата фантастична кариера.

А кариерата на Кристијано нема да заврши набрзо, откако тој јасно стави до знааење дека планира уште најмалку неколку години да игра фудбал на највисоко ниво.

„Возраста не е важна, годините се само бројка. Она што е важно е состојбата на умот. Јас живеам во сегашноста, уживам во моментов, се чувствувам среќен. Се надевам дека ќе играм уште многу години. Никогаш не знаете, ова е фудбал, се случуваат повреди, но мојот план е да продолжам да играм, воопшто не размислувам за пензија“, изјави Роналдо.

Португалецот има договор со Јувентус до јуни 2022 година, но речиси сигурно е дека „Старата дама“ нема да биде негов последен клуб во кариерата.

Се вчитува...