Роналдо и Фергусон повторно заедно – „Алекс беше таткото што никогаш не го имав“

Фудбалерот на Манчестер јунајтед, Кристијано Роналдо и легендарниот менаџер на „црвените-ѓаволи“ Сер Алекс Фергусон говореа заедно за клупската телевизија на премиерлигашот.

Познато е дека Португалецот немал однос со својот татко, кој бил „алкохоличар“ и ја оставил неговата мајка. Роналдо многу млад стигна во Англија и секогаш истакнува дека Ферги бил таткото што го немал.

„Замислете, имате 18 години доаѓате од Лисабон и играте со ѕвезди како што се Гигс, Сколс, Кин, Солскјер. Бев малку нервозен, но Фергусон тогаш многу ми помогна да се поврзам со другите фудбалери. Се сеќавам дека повремено ме повикуваше кај него во канцеларија на разговор, а на почеток користевме и преведувач. Фергусон ми помагаше да пораснам како фудбалер, но и како личност. Тој беше таткото што никогаш не го имав“, изјави Роналдо. 

 

Се вчитува...