Роналдо и Георгина ги чуваат авганистански војници: Се бореле за тајните служби, но веќе се во нова мисија, „КР7“ им наредува!

Кристијано Роналдо и неговото семејство сакаат што помалку да се грижат за својата безбедност, па затоа си имаат најмено луѓе кои се задолжени да се грижат за нив. Кристијано повторно е во центарот на вниманието во Англија, а овој пат не поради постигнатите голови, скапите автомобили што ги вози или луксузниот приватен авион, туку одлуката да ангажира лично обезбедување, „специјалци“ кои служеле во војната во Авганистан!

Како што откри „Сан“, Роналдо одлучил да ја зголеми безбедноста на себе и на своето семејство, ангажирајќи ги Серхио и Жорж Рамалеир. Двајцата се поранешни борци во Авганистан и експерти за паравоена одбрана.

По искуството во војната во Авганистан, тие двајца се приклучија на единицата за придружба на португалската полиција, но ги напуштија и тие позиции, за да се грижат за безбедноста на Кристијано Роналдо и неговата девојка Георгина Родригез.

Медиумите во Португалија откриваат дека браќата Рамалеиро биле дел од „Командос“, специјална единица основана во Ангола во 1962 година.

„Тие се способни да се вклопат во било каква мешаница, гледаат и дејствуваат брзо во вистинско време. Се наведува и дека Роналдо побарал од нив да се облекуваат елегантно и дискретно, па тие веќе во голема мера се на висина на својата работа“, стои во описот на медиумите од Англија.

Не е чудно што Роналдо реши да ангажира луѓе кои дополнително ќе се грижат за неговата безбедност, бидејќи фудбалските ѕвезди често се мета на крадци. Згора на сето тоа, семејството на Роналдо наскоро ќе биде зголемоно со уште две близначиња.

Се вчитува...