Роналдо им одговори на „хејтерите“ – Вистинските шампиони никогаш не можат да бидат скршени! (ФОТО)

Кристијано Роналдо се одлучи да го прекине молкот по елиминацијата од Порто во Лигата на шампионите и да им одговори на „хејтерите“ за сите напади на негова сметка по поразот во осминафиналето од Лигата на шампионите.

Тој на своите налози на социјалните мрежи сподели фотографија на која напиша дека вистинските шампиони никогаш не можат да бидат скршени.

„Многу поважно од бројот на падови кои ќе ги доживееш во животот е колку брзо и колку силно ќе се врати на нозе. Вистинските шампиони никогаш не можат да бидат скршени! Нашиот фокус е веќе на Калјари во борбата за Серија А и финалето во Копа Италија“, напиша Роналдо. 

Се вчитува...