Роналдо има хет-трик против Шпанија, сака реприза од 2018

Кристијано Роналдо ќе го предводи нападот на Португалија во вечерашната дерби-пресметка со Шпанија што ќе покаже која од овие две соседни земји ќе се пласира во четвртфиналето од СП 2026.

За Роналдо ова е пресметка со добри познаници, ако се знае дека Кристијано досега има одиграно десет натпревари против „црвената фурија“, при што има забележано само две победи, наспроти четири реми и четири порази.

Една од двете победи беше токму на првиот меч, што Португалија го доби со 1-0 на ЕВРО 2004, додека втората е на онаа последната средба на овие ривали, на пенали во Лигата на Нации во 2025 година.

Роналдо има постигнато десет погодоци на овие четири средби, а мора да се истакне дека дел од овие четири гола е и хет-трикот на светското првенство во Русија во 2018 година. Тој дуел од групната фаза заврши 3-3, воедно е и единствениот хет-трик на Роналдо на светските првенства.

Нема дилема дека Кристијано посакува реприза од тој дуел, но секако ќе биде среќен и со еден гол, како и со победа на Португалија над актуелниот европски првак.

Се вчитува...