Роналдо ја доби првата понуда по интервјуто

Првиот човек на австралиската А-Лига, Дени Таунсенд вели дека со раширени раце ќе го дочекаат Кристијано Роналдо. Кристијано Роналдо изминативе денови е во фокусот на јавноста откако седна на разговор со Пирс Морган и си ја отвори душата. Португалецот не се штедеше со критиките кон Ерик тен Хаг, Манчестер јунајтед и сопствениците на клубот, па тешко за верување е дека по Светското првенство ќе се врати на „Олд Трафорд“.

Првата понуда стигна од Австралија, првиот човек на А-Лига, Дени Таунсенд изјави дека тие со раширени раце ќе го дочекаат Кристијано Роналдо.

„Роналдо рече дека не добивал доволно љубов и почит од Манчестер јунајтед, но ние сигурно можеме да му дадеме љубив и почит во Австралија. Можеби не можеме финансиски да се натпреваруваме со другите, но имаме што друго да понудиме“ – вели Дени Таунсенд.

Се вчитува...