Роналдо како „газда“ во Јунајтед – го носи Зидан на местото на Оле Гунар Солскјер!

Кристијано Роналдо дојде во Манчестер Јунајтед за да освојува трофеи, а португалскиот ас е крајно незадоволен од почетокот на авантурата по камбекот на „Олд Трафорд“. Односот со Оле Гунар Солскјер е далеку од идеален уште од самото враќање на Португалецот, па во ситуација кога тимот е без триумф во последните три кола во Премиер-лигата, токму Роналдо е меѓу оние кои најгласно бараат тренерска смена во соблекувалната.

Според англиските медиуми, Кристијано има и свој фаворит за оваа функција – Зинедин Зидан, со кого португалската суперѕвезда имаше беспрекорна соработка во Реал Мадрид. Зидан си поднесе оставка во Реал откако Роналдо објави заминување од Мадрид (по финалето во ЛШ против Ливерпул), а Португалецот сега сака да ја возврати „услугата“ и лобира за носење на трофејниот стратет на „Олд Трафорд“. Дел од медиумите тврдат дека дошло и до први разговори меѓу претставници на „црвените ѓаволи“ и Зинедин Зидан, во очекување на интензивирање на преговорите во наредниот период.

Челниците барем засега му искажуваат јавна поддршка на Солскјер, но на сите им е јасно дека функцијата на Норвежанецот веќе не е толку сигурна како на стартот од сезонава. Згора на тоа, Јунајтед во следните три кола се среќава со Ливерпул, Тотенхем и со Манчестер Сити, серија на натпревари што Солскјер тешко дека ќе успее да ја „преживее“.

Се вчитува...