Роналдо ќе ја добие „седумката“ во Манчестер Јунајтед?!

Кристијано Роналдо по се изгледа ќе го добие дресот со број седум во Манчестер Јунајтед, откако негоиот нов клуб испратил официјално барање до Премиер-лигата за да го промени списокот со броеви на играчи за новата сезона.

На стариот список седумката му припаѓа на Единсон Кавани, но Роналдо, кој е светски препознатлив по својот бренд CR7, побарал од клубот да стори се што може за да не го менува бројот што го носи од првиот пат кога пристигна на „Олд Трафорд“.

Самиот Кавани не правел никаков проблем да ја отстапи „седумката“, а последните информации од Англија говорат дека Јунајтед постигнал договор со Премиер-лигата за да добие дозвола да ја направи оваа рокада.

Вакво нешто никогаш не е направено во историјата на Премиер-лигата, но… Кристијано Роналдо и се е можно.

Се вчитува...