Роналдо: Не дојдов во Манчестер на одмор, туку за да освојувам трофеи

Кристијано Роналдо вчера даде интерјву за интернет страницата на Манчестер јунајтед. Португалецот остакна дека овој кам-бек на „Олд Трафорд“ значи дека е дојден во Англија за да освојува трофеи како при неговиот претходен престој тука.

Кристијано помина успешни шест сезони во Манчестер, од 2003 до 2009 година под водство на сер Алекс Фергусон. Тогаш Јунајтед беше еден од најмноќните тимови во Европа и светот.

„Тука сум да освојувам трофеи, не сум дојден тука на одмор“, рече Роналдо. Претходно беше навистина добро, освојувавме важни трофеи и го носев овој дрес пред многу години, но сега сум тука повторно за да победувам. Јас сум способен за такво нешто, а и моите соиграчи. Подготвен сум. Ова е голема шанса за мене, за навивачите, за клубот, да направиме чекор напред. Подготвен сум и мислам дека можам да бидам големо нешто во следните три или четири години“, изјави КР7.

Роналдо официјално ќе биде промовиран пред навивачите утре пред дуелот со Њукасл во Премиерлигата на „Олд Трафорд“. Сепак, засега не е познато дали менаџерот Оле Гунар Солскјер ќе му даде шанса уште од првата минута или ќе влезе на терен од клупата.

„Секако дека ќе бидам нервозен во сабота, но сега сум искусен. Ќе бидам подготвен. Ќе му направам притисок на Оле да бидам во првиот тим. Убаво е чувството да си повторно назад на ‘Олд Трафорд’, бидејќи знам дека луѓето тука се поинакви. Уште од моментот кога слетав ја чувствувам емоцијата на луѓето. Тоа не е само поради фактот дека сум играч на Манчестер, тие ме имаат гледано како растам тука од 18-годишно момче и ја гледаат мојата пасија и се друго, па затоа сум многу емотивен, ја имам таа желба за успех“, заклучи Роналдо.

Се вчитува...