Роналдо ќе остане на „Олд трафорд“ бидејќи никој друг не го сака

Кристијано Роналдо по се изгледа и во јануари ќе остане во Манчестер јунајтед. Причината за оваа одлука е тоа што во моментов ниту еден клуб во Европа, не ги сака услугите на некогаш најдобриот фудбалер на светот.

Роналдо ја игра најлошата сезона во кариерата, а за првпат во својата кариера веќе не е ниту стандарден првотимец. Се мачи од почетокот на сезоната, а Ерик тен Хаг освен на неважните натпревари во Лигата на Европа против Шериф и Омонија воопшто не го ни става во првиот тим.

Челси покажуваше интерес за португалската суперѕвезда во текот на летово, тогаш трансферот беше блокиран од Томас Тухел, но ниту новиот тренер на „сините“, Грем Потер, не е убеден дека Кристијано би можел да донесе преголем „плус“ во неговиот тим, особено ако се знае дека договорот би бил на максимум 18 месеци.

Роналдо сезонава има само еден постигнат погодок и тоа против Шериф Тираспол од пенал.

Се вчитува...