Роналдо ќе плати 18,8 милиони евра за да не оди во затвор

Судскиот случај за затајување на данок од страна на Кристијано Роналдо денеска конечно финишираше, откако судот му изрече условна затворска казна од 23 месеци, што може да се избегне доколку тој плати 18,8 милиони евра, пари со камата за данокот што Португалецот го затајувал додека настапуваше за Реал Мадрид од 2011 до 2014 година.

Шпанските закони дозволуваат доколку станува збор за ненасилно криминално дело затворската казна до две години да биде отслужувана на слобода за соодветен финансиски надомест. Кристијано уште пред извесен период се изјасни за виновен пред судот во Мадрид, прифаќајќи ја одговорноста за своите дела. Тоа придонесе и обвинителството и судот да бидат поблаги кон фудбалската ѕвезда,па да биде изречена затворска казна помала од максималните две години, за да може истата да биде отслужена условно.

Португалецот пред извесно време поднесе барање да присуствува на судењето преку видео-линк, што беше експресно одбиено од страна на судијата. Тој вчера побара да му биде овозможено со автомобил да влезе во судската зграда за да ги избегне камерите, но и ова барање му беше одбиено, па Кристијано денеска се појави пред судот заедно со Георгина Родригез.

Се вчитува...