Роналдо ќе слави јубилеј на дуелот со Пандев

Кристијано Роналдо со Јувентус вечерва ќе му гостува на Горан Пандев во Џенова, меч што ќе биде јубилеен 100. натпревар за португалската суперѕвезда во дресот на „старата дама“.

Роналдо дебитираше за Јуве на гостувањето против Киево, меч што остана запаметен по судипт на Португалецот со Сорентино, по што домашниот голман беше итно пренесен во болница. Кристијано не постигна гол на тој меч, а Јувентус славеше со погодокот на Бернардески во самиот финиш. Две години и четири месеци подоцна, Роналдо ќе го прослави јубилејниот 100. натпревар во дресот на Јувентус.

Во изминатите 99 средби Кристијано има постигнато 77 погодоци, воедно имаше и 17 асистенции. За очекување е овие бројки ште повеќе да се подобрат на денешниот натпревар, ако се знае дека Роналдо постигнувал голови на сите натпревари против екипи од Џенова (и против Сампдорија и против Џенова) откако е стигнат на Апенинскиот полуостров.

Се вчитува...