Роналдо лажел дека е болен, па отишол да го даде контроверзното интервју

Продолжува хаосот кој го предизвика Критијано Роналдо со интервјуто со Пирс Морган во кое буквално го нападна секој еден кој е поврзан со Манчестер јунајтед. Португалецот на раководството и вработените во клубот им кажал дека е болен и дека не може да игра па поради тоа бил изоставен за мечот против Фулам.

Тој во меѓувреме го организирал интервјуто со Пирс Морган, во желба да си каже што му лежи на душата и тоа токму сега, кога клупските обврски завршуваат,  а следува Светско првенство.

Екипата на Манчестер била во авионот од Лондон, по триумфот над Фулам (2-1), кога разбрала за интервјуто. Не знаел никој во хиерархијата во клубот до полетувањето, ниту, пак, играчите и, според англиските медиуми, биле навредени и изненадени за начинот на кој Роналдо зборувал, како и за тајмингот на интервјуто.

Целото интервју од 90 минути ќе биде емитувано во среда и четврток, но исечоците кои беа објавени во „Сан“ одекнаа како бобма во светот на фудбалот

Се вчитува...