Роналдо: Манчестер не е на нивото на големите клубови како Ливерпул, Сити…

Цел свет со нетрпение го очекуваше интервјуто на Кристијано Роналдо со британскиот новинар, Пирс Морган во кое без влакна на јазикот говори за целата ситуација поврзана со Манчестер јунајтед.

Во моментов во живо оди интервјуто на јутјуб каналот, а можете да го погледнете и на ЕКИПА.МК.

Роналдо вели дека Јунајтед во моментов е далеку од големите клубови како што се Ливерпул и Сити.

„Манчестер јунајтед нема напредувано од последниот пат кога бев тука. Во моментов е многу поназад од големите клубови како што се Ливерпул и Манчестер Сити. Воопшто не се работи на условите во клубот и неспоредливо е со тоа какви се во Реал Мадрид и Јувентус“, изјави Роналдо. 

Целото интервју на Роналдо може ВО ЖИВО да го гледате на јутјуб:

Се вчитува...