Роналдо: Меси е магичен тип, би сакал да одам на вечера со него…

Кристијано Роналдо во ексклузивното интервју со британскиот новинар, Пирс Морган говореше на повеќе теми, најмногу од нив поврзани со Манчестер Јунајтед и турболентните две години по враќањето во редовите на „црвните ѓаволи“, но издвои време да проговоре и за Лео Меси.

Португалецот имаше само пофални зборови на својот најголем ривал, а и покрај тоа што вели дека тој не му е добар пријател, тој е некој кој навистина го почитува и навистина би сакал да седне на вечера со него.

„Секогаш сме имале почит еден за друг. Тој е неверојатен фудбалер, магичен, топ. Како човек, ја делиме сцената 16 години, замислете 16 години. Имам одличен однос со него. Не сме пријатели во смисла да се дружиме, да се слушаме на телефон, да си одиме на гости, но тој ми е како соиграч, некој што навистина го почитувам. И начинот на кој тој секогаш зборувал за мене. Дури и сопругите ни се почитуваат, и двете се од Аргентина. За Меси можам да кажам само убави работи, тој направи се за фудбалот. Никогаш не сме седнале на вечера, но би сакал да вечерам со него“, вели Роналдо.

Се вчитува...