Роналдо му честиташе на Нејмар – „Мајсторе, само небото е граница“

Легендарниот бразилски фудбалер, Роналдо му честиташе на Нејмар за тоа што ѕвездата на ПСЖ го помина по бројот на постигнати голови во дресот со националните бои. Со трите постигнати гола во победата на Бразил над Перу, Нејмар изби на второто место на листата на стрелци за репрезентацијата на Бразил со вкупно 64 постигнати гола. Зад него го остави Роналдо кој кариерата во националниот дрес за заврши со 62 гола.

„Нејмар игра многу, асистира, дрибла, постигнува голови. Мајсторе, само небото е граница. Летај момче! Прекрасна приказна живееш. Комплетен си и се позрел си како фудбалер и човек. Продолжи да веруваш во својот инстинкт бидејќи талентот никој не може да ти го одземе. Има уште многу рекорди кои треба да се урнат“, изјави Роналдо. 

Пред Нејмар на вечната листа на стрелци во бразилскиот тим останува само уште легендарниот Пеле кој вкупно постигна 77 гола.

Се вчитува...