Роналдо на чекор до „Олд Трафорд“ – Медицинските прегледи успешно завршени

Кристијано Роналдо успешно ги заврши медицинските прегледи. Тој сега е на чекор до потпишување договор со својот поранешен клуб Манчестер Јунајтед, откако ги помина медицинските прегледи во Лисабон, па сега се очекува својот прв настап да го стартува во Англија по репрезентативните настапи.

Според „Скај Спорт“. Јунајтед ќе плати 15 милиони евра плус дополнителни 8 милиони евра.

Инаку, Роналдо постигна 118 голови на 292 натпревари за време на неговиот прв настап за „црвените ѓаволи“ во период помеѓу 2003 и 2009 година.

Се вчитува...