Роналдо на итен состанок со Тен Хаг – На маса ќе бидат понудени само две опции?!

Кристијано Роналдо неодамна направи нов проблем во Манчестер Јунајтед кога го напушти стадионот пред крајот на мечот со Тотенхем. Поради таквиот испад, Терн Хаг реши да го суспендира, па Португалецот беше изоставен од тимот за дуелот со Челси.

Според медиумите од Англија, денеска Кристијано ќе има разговор со Тен Хаг, а на маса ќе се понудат две опции – помирување или заминување веќе во јануари.

Според добро информираниот известувач Дејвид Орнштајн, Кристијано Роналдо денеска лично ќе се сретне со менаџерот на клубот Ерик тен Хаг. Фудбалерите на Манчестер Јунајтед одиграа четири натпревари за десет дена, па холандскиот стручњак го прогласи понеделникот за ден за одмор на тимот.

Тен Хаг е дециден дека Португалецот треба да остане член на тимот од Манчестер, но не би сметал секогаш на него како стартер. Пред одлуката би сакал да го слушне мислењето на Роналдо, особено ако може да се помири со ситуацијата дека веќе не е недопирлив во стартните 11.

Доколку страните не успеат да се договорат, се споменува дека Манчестер Јунајтед ќе ја пушти својата ѕвезда бесплатно за време на зимскиот преоден рок, бидејќи Португалецот е најплатениот играч на тимот. Како најсериозен клуб е Челси, кој будно ја следи ситуацијата со еден од најдобрите играчи во историјата на фудбалот.

Се вчитува...