Роналдо на соиграчите веќе им ја соопштил одлуката за неговата иднина во Јунајтед

Кристијано Роналдо им соопшти на соиграчите во Манчестер Јунајтед дека ќе остане во клубот и следната сезона. Единствен услов за тоа е новиот постојан менаџер на „црвените ѓаволи“, Ерик Тен Хаг да сака да соработува со него.

37-годишниот Португалец има договор со клубот на уште една година, но откако Јунајтед не успеа да се пласира во Лигата на шампионите, се шпекулираше дека Роналдо ќе бара друга опција за следната сезона.

Сепак, според „Сан“, кој се повикува на извор близок до клубот, ЦР7 не сака да замине во толку тешко време за Јунајтед и сака да му помогне на тимот да се врати во Лигата на шампионите, надевајќи се дека следната сезона ќе освои трофеј. Сепак, доколку Тен Хаг одлучи дека Роналдо не е потребен во новиот тим, Португалецот ќе си замине.

Се вчитува...