Роналдо на тренингот во Скопје (видео)

Кристијано Роналдо не е максимално подготвен по продолжениот одмор што го доби по Купот на Конфедерациите, но Португалецот делува цврсто решен да настапи на утрешниот Суперкуп на Европа против Манчестер јунајтед.

Роналдо попладнево меѓу првите истрча на теренот во Скопје, тренирајќи со остатокот од тимот. Неофицијално, Кристијано ќе го почне мечот против својот поранешен клуб од клупата за резерви, но сигурно ќе влезе во игра во текот на второто полувреме.

Се вчитува...