Роналдо не е номиниран меѓу играчите на годината во Премиер-лигата

Напаѓачот на Манчестер Јунајтед, Кристијано Роналдо не е се најде меѓу номинираните за најдобар играч на Премиер-лигата во изминатата сезона. Иако имаше зад себе добра сезона, сепак, Португалецот не се најде меѓу осумте номинирани, а интересно е тоа што нема ниту еден од Манчестер Јунајтед.

Ова е еден вид изненадување со оглед дека меѓу номинираните се играчи како Ворд-Проус од Саутемптон и Џерод Бовен од Вест Хем.

Меѓу номинираните се уште и играчите на Ливерпул Трент Александер-Арнолд и Мо Салах, потоа Кевин Де Брујне и Жоао Кансело од Сити, Хеунг Мин Сон од Тотенхем, и фудбалерот на Арсенал Букајо Сака.

За тренер на годината во Премиер-лигата номинирани се Гвардиола од Сити, Клоп од Ливерпул, Франк од Брентфорд, Хоуви со Њукасл и Виеира од Кристал Палас.

 

Се вчитува...