Јувентус загуби нови бодови во трката за скудетото откако вечерва одигра само 1-1 на гостувањето против Верона. Кристијано Роналдо повторно се запиша меѓу стрелците за „старата дама“, но голот на Португалецот за водство од 0-1 сепак се покажа недоволен за избраниците на Пирло да стигнат до цел плен.
Бзрак беше стрелец на израмнувачкиот погодок за Верона, а домаќините имаа одлична шанса и за целосен пресврт, но Шчешни со крајни напори ја исфрли топката во корнер.
Јувентус последната шанса за победа ја имаше во 90. минута, но слободниот удар од убава позиција на Роналдо заврши само во живиот ѕид.
#VeronaJuventus
Verona 0 × [1] Juventus – GOAL! Ronaldo ?pic.twitter.com/wQtU1aQrrQ— #FastGoal (@Fastgoal2) February 27, 2021
Verona [1] x 1 Juventus – GOAL! Barak ?pic.twitter.com/fxAf8tGoKD
— #FastGoal (@Fastgoal2) February 27, 2021
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА