Роналдо не поднесува порази, „збеснал“ во соблекувалната…

Кристијано Роналдо и на десетти едноподруго натпревар во Серија А постигна гол за Јувентус, за првпат во историјата на овој клуб. Но, тоа не беше доволно за победа на „Старата дама“.

На Португалецот воопшто не му беше сеедно по поразот од Верона и загубените бодови од, на хартија, послаба екипа. Во изјава за медиумите по мечот истакна дека првата ѕвезда на Јувентус била исклучително лута во соблекувалната по поразот.

„Роналдо беше многу лут што така ‘отфрливме’ три бода. Никогаш не сум го видел таков. Постигнува гол, прави се екипата да победи, а потоа така лесно го отфрламе тоа“ – истакна по дуелот искусниот полски голман.

Роналдо синоќа стигна до бројката од 20 постигнати гола сезонава во Серија А, но Јувентус го запиша и вториот едноподруго пораз на гостински терен по што сосема е јасно дека Скудетото сега ќе дојде многу потешко од очекувањата.

 

Се вчитува...