Роналдо недопирлив: Португалецот пред Меси по заработка во 2021 година

Според листата на „Форбс“, Кристијано Роналдо заработил најмногу од сите професионални фудбалери во 2021 година. Португалецот инкасирал 70 милиони долари од договорот со Јувентус, а подоцна и со Манчестер Јунајтед.

Португалецот заработил дополнителни 55 милиони од спонзорски договори, така што вкупната платата е 125 милиони зелени банкноти. На второто место е „вечниот ривал на Роналдо“, Лионел Меси. Аргентинецот оваа година премина од Барселона во ПСЖ. Неговиот договор е вреден 75 милиони долари, но затоа заработува 20 милиони помалку од Роналдо кога се спонзорите во прашање. Меси е обврзан на доживотен договор со Адидас и Пепси.

Нејмар е на третото место. Бразилецот има иста годишна плата како Меси, односно 75 милиони, додека од спонзорски договори добил уште 20 милиони долари.

Се вчитува...