Роналдо објасни во што е подобар од Лионел Меси

Кристијано Роналдо во најновиот документарец за елитниот светски фудбал се вклучи на вечната дебата кој е подобар, тој или Лионел Меси.

„Разликата е во тоа што јас играв и играм за различни клубови и со нив стигнав до пет титули во Лигата на шампионите, додека тој целата кариера е во само еден клуб. Јас седум пати бев најдобар стрелец на Лигата на шампионите, од тоа шестпати по ред. Нема баш многу фудбалери кои имаат пет трофеи во ЛШ и затоа светската јавност мене ме поистоветува со тоа натпреварување“ – вели Роналдо кој има четири трофеи со Реал Мадрид а еден со Манчестер јунајтед.

Но, Португалецот во документарниот филм има и сериозно пофални зборови за Лионел Меси.

„Нема сомнеж дека е класа фудбалер кој има четири титули во ЛШ со Барселона. Тој, како и јас, ќе остане запаметен по тоа што долги години е во самиот врв на светскиот фудбал“ – вели Роналдо.

Се вчитува...