Роналдо одби да изведе пенал па го зачуди и Рангник: Го прашав зошто му го препушти на Бруно…

Кристијано Роналдо по трагичната смрт на новородениот син се врати на теренот за натпреварот против Арсенал, но и покрај тоа што постигна гол, не успеа да му помогне на својот тим да стигне до нови бодови.

Португалецот можеби и ќе успееше во истото, но при резултат 2-1 за „топџиите“, одби да изведе пенал за израмнување и истиот го препушти на неговиот сонардоник Бруно Фернандеш кој не го совлада Рамсдејл.

Одбивањето на пенал е новост кога станува збор за Кристијано Роналдо па по натпреварот очекувано тренерот Ралф Рангник доби прашање на оваа тема, а имаше и интересен одговор.

„И јас го прашав Ронадло по натпреварот зошто не го изведе пеналот и истиот го препушти на Бруно. Ми кажа дека едноставно немал добро чувство и мислел дека е подобро некој од неговите соиграчи да ја изведе најстрогата казна. За жал, Бруно не беше прецизен“, изјави германскиот стратег.

Се вчитува...