Роналдо оди во Њукасл во јули, само под еден услов…

Преселбата на Кристијано Роналдо во Ал Наср предизвика бурни критики, пред се поради честите изјави во минатото на Португалецот дека сака кариерата да ја заврши на највисоко ниво. Тоа се чини сепак е возможно, откако беше обелоденето дека во неговиот договор со Ал Наср има клаузула која му овозможува да се врати назад во Премиер-лигата, и тоа во дресот на Њукасл.

Газдите на Њукасл се во блиска врска со највисокото раководство на Ал Наср, па јасно е дека двата клуба експресно би нашле заеднички јазик, а Роналдо би добил зелено светло за преселба на северот на Англија. Постои само еден услов – за овој мегатрансфер да се реализира потребно е Њукасл да се пласира во Лигата на Шампионите, бидејќи Роналдо инсистира ако се случи да се врати назад во Европа, тоа да биде во тим што би се натпреварувал во елитното европско натпреварување.

„Црно-белите“ моментно се наоѓаат на третото место во Премиер-лигата и доколку успеат да се задржат меѓу Топ 4 на табелата, ќе бидат исполнети сите предуслови за овој мегатрансфер да се реализира. Роналдо би останал цела сезона меѓу „црно-белите“, по што би се вратил назад во Ал Наср, да доигра уште неколку месеци за клубот од Саудиска Арабија пред да му каже збогум на фудбалот. Согласно договорот, Роналдо потоа би продолжил да заработува богатство во оваа држава, како амбасадор на кандидатурата на оваа земја за организација на СП 2030.

Се вчитува...