Кристијано Роналдо не успеа да ги задржи емоциите и во солзи го напушти теренот по елиминацијата на Португалија од Шпанија (0-1) во осминафиналето на Светското првенство. Со овој болен пораз дефинитивно згасна неговиот сон да го подигне најпрестижниот пехар и да ја донесе светската титула во својата татковина.
Сепак, португалскиот капитен по натпреварот испрати порака на гордост и издржливост. Тој истакна дека ја напушта големата сцена со чиста совест, потсетувајќи ја јавноста на историските успеси кои ги оствари со националниот тим. Во текот на својата богата репрезентативна кариера, Роналдо ја предводеше Португалија до дури три големи меѓународни трофеи: една европска титула и две титули во Лигата на нациите, со што засекогаш се запиша како најголемиот лидер во историјата на португалскиот фудбал.
„Заминувам со чиста совест. Направив се што можев. Португалија никогаш претходно немаше освоено трофеј, а сега има три. Го освоивме Европското првенство во 2016 година, што според мене е исто толку големо достигнување како и Светското првенство. Дадовме се од себе… одигравме добар натпревар, но Шпанија е меѓу најдобрите селекции. Тие ќе стигнат до финалето или ќе бидат многу блиску до него“, изјави Роналдо.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
