Роналдо: Оваа приказна е далеку од готова…

Кристијано Роналдо со хет-трик за само едно полувреме му ја донесе на Јувентус победата на гостувањето против Калјари, по што португалскиот ас ја потенцираше и својата лојалност кон „старата дама“ најавувајќи дека е подготвен да остане во црно-белиот дрес.

Португалецот беше критикуван откако беше виновен за примениот гол и елиминацијата од Порто во Лигата на Шампионите, поради ова Кристијано одби да даде изјава за „Скај Спорт Италија“, но веднаш по мечот Роналдо се јави во коментар на сопствениот инстаграм-профил.

„Денеска стигнав до бројката од 770 погодоци во професионалната кариера и сакам првата порака да му ја испратам на Пеле. Не постои играч во светот кој не израснал слушајќи приказни за неговите голови и остварувања, јас не сум исклучок од тоа правило. Затоа, горд сум што што го урнав неговиот рекорд, нешто за што не можев ни да сонувам додека растев во Мадеира. Благодарност до сите тренери, соиграчи и ривали, кои беа дел од ова неверојатно патување, верувајте кога велам дека немаше да успеам без вас. Сега, пред мене се нови предизвици и нови трофеи. Верувајте, оваа приказна е далеку од готова. Иднината почнува од утре, а имам уште многу да победувам и освојувам со Јувентус и со Португалија“, порача Роналдо.

Се вчитува...