Роналдо: Почитувам само три играчи на Манчестер Јунајтед

Кристијано Роналдо во интервјуто со британскиот новинар, Пирс Морган во кое без влакна на јазикот говори за целата ситуација поврзана со Манчестер јунајтед откри дека почитува само три играчи во клубот, а притоа жестоко ги критикуваше и младите фудблаери.

Португалецот вели дека тие немаат никаков почит кон поискусните и постарите, а и не бараат совети ниту пак го следат во желбата за докажување.

„Од играчите на Јунајтед позитивно можам да истакнам само тројца. Диого Далот кој е многу професионален, а и покрај тоа што е млад не се сомневам дека долго ќе игра. Паметен е, интелигентен и многу професионален. По добро можам да ги споменам уште Лисандро Мартинез и Касемиро“, кој се осврна и кон младите:

„Не ги почитуваат искусните и постари играчи, живеат во некоја друга ера. Морам да кажам дека син ми кој има само 12 години нема таков менталитет. Младите денеска доаѓаат до некои работи многу полесно, воопшто не се мачат. Се прават дека слушаат, а уво не ги боли. Тоа не ме изненадува, но за штета за нив да имаат најдобар пример пред себе, а не се обидуваат ни да го следат. Јас сум тој пример. Секое утро прв доаѓам и последен заминувам“, открива Роналдо.

Се вчитува...