Роналдо: Понудата од 350 милиони од Саудиска Арабија ја одбив поради Манчестер Јунајтед

Вториот дел од интервјуто на Кристијано Роналдо со британскиот новинар, Пирс Морган во кое без влакна на јазикот говори за целата ситуација поврзана со Манчестер јунајтед, но и гласините кои беа актуелни изминатото лето за негово заминување од таборот на „црвените ѓаволи“ ја потврди информацијата за огромната понуда од Саудиска Арабија.

Имено, шампионот на тамошното првенство, Ал Хилал се обидел на секој начин да го доведе четирикратниот освојувач на „Златната копачка“ во своите редови, а бил подготвен и да издвои неверојатни 350 милиони евра за двосезонски договор.

„Да точно е. Во тој момент ја одбив понудата. Работата на менаџерот е да оди и да го нуди играчот и тоа го правеше. Искрено имав многу понуди кои не сакав да ги прифатам. А, во новините се пишуваше дека никој не ме сака. Не е така, среќен бев во Манчестер и мотивиран бев да продолжам тука затоа останав. Тешко беше да се одбие таква понуда, но верував дека имам што да му понудам на Јунајтед“, вели Роналдо.

Се вчитува...