Роналдо постави уште еден нов рекорд со голот против Вест хем (ВИДЕО)

Првата ѕвезда на Манчестер јунајтед, Кристијано Роналдо ја продолжи извонредната голгетерска форма во дресот на „црвените ѓаволи“, па во последното коло од Премиер лигата тој успеа повторно да постигне гол и против Вест хем, кој му донесе нов рекорд.

Португалецот досега за „црвените ѓаволи“ постигна два гола против Њукасл и еден против Јанг Бојс, а со погодокот против Вест хем во Лондон, тој стигна до бројката од 66 различни стадиони во топ-5 лигите на кои постигнал гол во кариерата.

Зад Роналдо во оваа статистика останува Златан Ибрахимовиќ, кој постигна голови на 64 различни стадиони.

 

 

 

 

 

Се вчитува...