Роналдо: Повеќе сакам боречки спортови, отколку фудбал

Фудбалерот на Јувентус, Кристијано Роналдо откри дека многу повеќе сака да гледа боречки вештини на телевизија, отколку фудбал.

„Фудбалот е моја страст, но повеќе сакам да гледам други спортови на телевизија. Помеѓу фудбалски натпревар и бокс или борба на УФЦ, повеќе би одбрал боречки вештини“, откри Португалецот.

Роналдо се потсети на моментите во Манчестер, а откри интересен тренинг кој го практикувал во „борилиште“.

„Кога бев во Манчестер Јунајтед, боксував со тренер. Мислам дека ваков тренинг може да му помогне на секој фудбалер, бидејќи ги изострува сетилата “.

Португалецот истакна дека е максимално посветен на физичката подготвеност.

„Сакам да останам во фудбалот. Не сакам луѓето да ме гледаат и да мислат дека порано бев неверојатен играч, а дека сега сум бавен на теренот. Многу зависи од психолошката состојба, мотивацијата и искуството, доколку сето ова го имате, тогаш ќе продолжите да бидете во добра и победничка форма, изјави Роналдо“.

Кристијано и оваа сезона е неверојатен. Тој во дресот на Јувентус постигна 14 гола на 11 натпревари во сите досегашни натпреварувања.

Се вчитува...