Роналдо повторно на удар на критики – Избега од новинари: „Не денес…“

Капитенот на Португалија, Кристијано Роналдо, одби да разговара со новинарите по натпреварот против Колумбија, на кој повторно беше критикуван за својот настап.

На излегување, претставниците на медиумите се обидоа да добијат изјава од 41-годишниот напаѓач, но тој само кратко дофрли:

„Не денес“.

На Светското првенство, Роналдо ги одигра сите 90 минути на сите три натпревари од групната фаза и постигна два гола, двата против Узбекистан, но неговите настапи во последните денови предизвикаа многу критики од португалската јавност.

Селекторот Роберто Мартинез застана во одбрана на капитенот, кој истакна дека Роналдо немал никакви физички или психолошки проблеми што би предизвикале негова замена.

„Кристијано обично е на вистинското место во вистинско време. Тој е секогаш дисциплиниран во својата улога и им отвора простор на своите соиграчи во нападот. Во овој натпревар немаше физички или ментални проблеми што би го спречиле да ги одигра сите 90 минути, но можно е да направиме промени во следниот натпревар. Ова важи за секој играч, бидејќи ја следиме формата, заморот и евентуалните повреди од натпревар до натпревар“, рече Мартинез.

Португалскиот селектор додаде дека има доволен број играчи на располагање и дека го избира тимот исклучиво врз основа на тоа што е најдобро за тимот во дадениот момент.

Поранешните репрезентативци на Португалија, исто така, ги критикуваа игрите на репрезентацијата. Меѓу нив е и Рикардо Кварезма, кој смета дека на тимот му недостасува енергија и самодоверба.

„На португалската репрезентација и недостасуваат радост, креативност, желба за игра и борбеност. Изгледаа уморни и немотивирани. Квалитетот не е спорен, но се чини дека играчите се плашат да преземат ризици“, рече Кварезма.

Се вчитува...